X
 20.02.2015 Наука

Нема да верувате дека оваа светлина не е природна

Група научници создале вештачка светлина која изгледа како природна за места кои немаат прозорци или отвор кон сончева светлина.


Научниците кои стојат зад изумот искористиле тенок слој наночестички за прецизно да ја симулираат сончевата светлина низ земјината атмосфера и ефектот познат како Рејлиево расејување. Згора на тоа, освен бојата на светлината, квалитетот на светлината е идентичен, исто така.

Иновативниот производ бил создаден од „CoeLux“ при универзитетот „Инсурбија“ во Италија, основана од физичарот и професор Паоло ди Трапани, финансирана од Европската Унија.





Вештачката ЛЕД-светлина моментално е достапна во три верзии, од посветла и постудена светлина до потопла и послаба. Научниците ја искористиле природната светлина од северна Европа, Медитеранот и тропските региони како инспирација.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука