Можеби е чудно со оглед на тоа што сме 21. век, но оние кои можат да си дозволат да читаат книга на светилка се сметаат за привилегирани. Според статистичките податоци, околу 840 милиони луѓе низ целиот свет сè уште немаат пристап до електрична енергија. Тимот зад глобалното движење „Литер оф лајт“ откри генијален начин користените пластични шишиња да ги претвори во прифатливи извори на светлина за семејства кои имаат потреба, па така донесе светлина и среќа на илјадници луѓе.
Оваа организација била почната од „Мај Шелтер“ фондацијата од Филипините во 2011 година. Основачот Илак Дијаз бил шокиран од условите во кои многу локални семејства живееле поради ужасните бури.
Дијаз ја напуштил својата работа и се запишал на Институтот за технологија во Масачусетс за да студира урбано планирање и архитектура. Таму ја научил технологијата за светлина во шишиња што првпат била развиена од бразилскиот механичар, Алфредо Мосер, во 2002 година.
Кога Дијаз се вратил на Филипините, тој го претставил овој дизајн и помогнал да се инсталираат сијалиците во илјадници домаќинства. Сега, години подоцна, ова глобално волонтерско движење е присутно во 15 земји во светот и мрежата постојано расте.
Како функционираат магичните шишиња со светлина?
Потребни компоненти за да се создаде шише со соларна светлина:
- Празно пластично шише
- Вода
- Галванизиран челик
- Хидроген
- Сонце
Видеото во продолжение објаснува како да се направи, чекор по чекор.