X
 23.12.2015 Технологија

Нова камера ги следи предметите во движење и позади агли

Повеќе нема криење. Создадена е камера која следи предмети кои се движат со препознавање на индивидуални фотони.


Камерата може да следи предмети и околу агли и кога не се гледаат од почетното место на камерата. Камерата користи ласери за следење на предметите. Како што се движи предметот, камерата испушта 67 милиони ласерски пулсирања во секунда.

Уредот би можел да се користи за мисии за потрага и спасување или во автомобили за препознавање возила кои се приближуваат. Камерата била создадена од тим воден од Даниел Фачо од универзитет во Единбург, Обединетото Кралство.

„Повеќето луѓе досега се обидуваа да реконструираат во 3Д, но ние се обидувавме да следиме. Развивме нови алгоритми за да го постигнеме ова и да го постигнеме бргу“, изјави Женевив Гариепи, дел од тимот кој работел на камерата.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија