X
 22.02.2015 Образование

И студентите во Амстердам го окупираа универзитетот

Окупацијата на Универзитетот во Амстердам трае веќе осми ден. Универзитетот ги тужеше студентите кои ја окупираа зградата барајќи казна од 100.000 евра од лице дневно доколку одбијат да заминат.


Судот изгласа во полза на универзитетот, но казната беше намалена на само 1.000 евра дневно. Студентите одговорија на ова со продавање скала на Работничкиот совет во Амстердам за точно 1.000 евра. Студентската унија, исто така, се согласи да плати за легалните трошоци на студентите.

Полицијата дејствувала минимално.

Програмата со алтернативни предавања и работилници продолжува и денес, а окупацијата станува се' посилна. На факултетот спијат повеќе од 100 студенти и тие не одбиваат да заминат се' додека не бидат задоволени нивните барања. Стотици професори на универзитетот потпишаа петиција за поддршка на окупацијата. Националните вести пренесуваат се' во врска со окупацијата.

Студентите на Универзитетот во Амстердам се против планот со кој образованието би се водело според профитот. Огромните намалувања на финансиските средства за општествените науки и напорите образованието да се направи луксуз мора да бидат сопрени.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование