X
 09.01.2017 Образование

Знаци што откриваат дека сте натпросечен студент

Повеќето луѓе гледаат на луѓето кои имаат висока интелигенција, како на некои супер херои, кои знаат сé за својот живот и дека сé им оди од рака. Ова е всушност далеку од вистината, бидејќи и тие водат секојдневни борби со некои нешта како и секој друг, а во оваа група спаѓаат и студентите.

Во случај да сте студент на кој не му се допаѓаат таканаречените „мали разговори“, односно празни муабети, тогаш ви честитаме бидејќи ова се знаците дека се вбројувате во лица со висока интелигенција.

Затоа, кога наредниот пат некој се обидува со вас да „врти“ празни муабети, а вие сте нервозни и затоа што ви го одзема времето, и затоа што не можете да се вклопите во непозната средина, всушност треба да си кажете дека сте гениј. 

Иако со ваквата борба некои луѓе немаат проблеми, на интелигентните луѓе некој вид на работи и постапки им се тешки предизвици, токму поради високиот коефициент на интелигенција. За што точно се работи проверете во следните „борби“ кои покажуваат дека сте натпросечно интелигентен студент.

Да, уште еднаш станува збор за „малите разговори“ кои се многу исцрпувачки и често не знаеме како да ги водиме. Ова особено се однесува на интелигентните студенти чиј мозок функционира сосема поинаку бидејќи е преплавен со големи и значајни идеи, па тука нема премногу простор да се зборува за „обичните“ нешта, особено не со непознати колеги.

учење
Фото: Pixabay

ucenje
Размислувате повеќе од тоа што зборувате

Бидејќи мозокот на интелигентните студенти е во постојана потрага по повеќе одговори и повеќе решенија, токму поради тоа потребно им е  повеќе време да одговорат за нешто или да го дадат своето мислење и став за одредена тема. Всушност, ако мислат дека немаат некоја брилијантна идеја и доволно добар одговор, тогаш воопшто нема ни да зборуваат. Во ова се крие еден вид на „борба“ бидејќи вашите колеги кои не ве знаат нема да разберат и тоа би ги збунило, па вас може да ве сметаат за чудни, срамежливи и молчаливи. Да, и она најлошото - глупави.

Предавањата брзо ви здосадуваат


Реално гледано, на повеќето студенти предавањата многу брзо им здосадуваат, но интелигентните студенти брзо губат интерес. Мозокот на студентите со висок коефициент на интелигенција постојано бара нови предизвици, така што класичните предавања, какви што се одвиваат на  универзитетите, само им се демотивација и не им се предизвик. Токму затоа им здосадува, не затоа што самите од себе се здодевни, но тоа лесно може да се претвори во одвај извршување на своите академски обврски.

Често не преземате никаква акција

Многу е тешко да се биде мислител во свет во кој многумина ја ценат акцијата, а не одличните идеи за кои треба време. Судејќи по тоа дека интелигентните студенти вртат во главата различни идеи, им недостига тој импулс за реакција. За жал, другите луѓе тоа често го заменуваат со мрзеливост, па често таквите студенти често ќе се чувствуваат дека не се доволно ценети.

Другите мислат дека сте чудни

Интелигентните студенти често во поголемо и непознато општество оставаат впечаток дека се социјално чудни, а тоа е затоа што сите наведени борби се ставени во една. Во непознато друштво се воздржуваат да одговорат на прашања за кои им треба време да размислат, па се гледа на нив како на „чудаци“ и се чувствуваат добро со идеите отколку со реализација на истите. Затоа често се прогласуваат за „смотани“, „незгодни“ и не се сметаат за забавно друштво за пиење кафе.

Тешко се вљубуваат

Постојат студенти кои се вљубуваат во секоја втора колешка или во колега, но постојат и оние на кои шансите за често вљубување се еднакви на нула бидејќи се премногу интелигентни. Тоа е затоа што се многу внимателни, аналитични и на некој начин независни, па и другите може да ги сметаат ладни и незаинтересирани. Вистина е дека интелигентните студенти не многу често се вљубуваат.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование