X
 23.02.2015 Образование

Испит кој го менува животот на студентите

Во модерна зграда направена во „Гангам“ стил, професорот Ли Сихан му се обраќа на клас од 28 ученици, како не треба да се плашат од испитот кој следува... иако резултатите од овој испит им го менува животот на учениците.

 

1


„Големиот SAT испит, за кој се подготвувате и кој може да ви ја донесе работата од соништата во „Samsung“, не е толку тежок доколку поминете доста време подготвувајќи се за него“, вели Сихан обидувајќи се да ги охрабри учениците.

Во индустријата за подготвување на приемните испити, вредна околу десет милиони долари, овие млади ученици учат со часови под управувачката палка на Ли, кој има статус на јавна личност и кој за одредена цена им помага на учениците да станат работници на најпрестижните компании во Јужна Кореја.

Промовирајќи се себеси како член на елитниот клуб „IQ Mensa“, Ли има напишано повеќе од 50 книги, поседува докторат и редовно на телевизија им дава лекции на младите Јужнокорејци за да го положат националниот приемен испит на факултетите, како и други важни испити.

„Ова што го работам е компресирање. Мојата стратегија е да ги научам како да положат испит во краток период“, објаснува Ли. Неговиот четири дневен курс чини 160 долари.

За многу млади луѓе во Јужна Кореја работата од соништата претставува работењето во „Samsung“. Во останатите делови од светот постојат и други компании познати по своите производи, меѓутоа во Сеул ситуацијата е разлчина, бидејќи целиот живот на луѓето е опкружен со „Samsung“ - почнувајќи од зградата која компанијата ја направи.

Од мали нозе учениците ги поминуваат своите животи учејќи деноноќно за да се запишат на добар универзитет, а после успешното тестирање, да се вработат во оваа компанија.

На секои шест месеци, околу 100.000 Којреци доаѓаат да си ја „пробаат“ среќата во вработувањето во „Samsung“. Само 7.000 од нив го поминуваат испитот, додека 4.000 добиваат работа после тестирањето кое вклучува задачи од науката, математиката, логичко размислување и познавање на знаци од кинескиот јазик. Тоа значи дека само 1 од 20 кандидати го положуваат тестот.

Во другите краеви од светот доволно е да имате добра биографија и добро да поминете на интервју за да ја добиете работата. Но, во Јужна Кореја испитите имаат значително поголема тежина и тие буквално одредуваат каков живот ќе има еден човек. Приемниот испит на универзитетите, добивањето на работа во приватниот и државниот сектор, па дури и примањето во градинка зависи од силните резултати на испитите. Доколку паднете на тестот, веројатно паѓате и во очите на семејството - што вообичаено е причина за честите самоубиства.

Конкуренцијата е толку силна, што новата генерација на младите е доста вознемирена кога станува збор за промената на политиката на регрутирање. Во јануари 2014 година, „Samsung“ беше мета на бес и лутина кога ги објави плановите да исфрли дел од методот на тестирање, барајќи од универзитетите да започнат да препорачуваат студенти кои би можеле да го положат нивниот SAT испит. Некои студенти се исплашиле, бидејќи не биле запишани на врвни факултети. Се плашеа и дека ќе пропадне целиот труд за подготвување на испитите. Но, поради бесот и лутината, „Samsung“ брзо ги отфрли плановите.

Причината зошто секој млад човек од Јужна Кореја сака да го положи овој тест лежи во феноменот кој во Јужна Кореја се нарекува „Самсунг човек“.

„Работата во „Samsung“ значи дека другите ве прифаќаат и признаваат“, објаснува Ли Чанг, еден од студентите на предавањата на Ли. Сите оние коишто завршуваат факултет мислат како на најдобар начин да живеат во Јужна Кореја.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование