X
 11.04.2015 Образование

Најновата образовна реформа на Финска ќе создаде генерација на претприемачи

Современата технологија и тоа како влијае врз обликувањето на денешното образование.

 

2


Како iPod-от, а пред него iPhone-от, и iPad-oт значително влијаеше врз голем број инудстрии, па и врз образованието кое се чини дека е на врвот на листата. Со оглед на тоа што iPad-от испорачува просперитетен екосистем на мултимедијални богати апликации и книги со дизајн прифатлив и достапен за младите и старите, уредот е совршен за оние кои учат. Всушност, бројни истражувања покажуваат дека iPad-от е одлична алатка за учениците, без разлика дали станува збор за дечиња, средношколци или студенти.

Со децении, компјутерите им помагале на учениците да усвојат вештини како што е основата на математиката, правописот и меморирањето. Денес, овие уреди се поврзани насекаде. Технологијата е поевтина, побрза, помоќна и способна да понуди растечко тело на информации достапни во дигитална форма.

Студентите од било која возраст денес имаат пристап до статии на Википедија, туторијали на Youtube, веб страни за прашање и одговор и други заедници кои поттикнуваат дискусии на различни теми (како reddit).

Многу генерации на млади студенти бараат обрзовните системи да ги подготват за нивните идни кариери, па како резултат на тоа општеството мора да реформира образование кое соодветно ќе ги подготви студентите за живот и кариера во технологијата која е лидер на 21-от век. Но, како?

Се чини дека Финска го има одговорот.

Неодамна оваа земја објави дека планира да ги замени традиционалните наставни предмети со тематски пристап и тоа планира да го направи до 2020 година. Наместо уечниците да имаат серија на часови како на пример јазик, математика или историја, тие би учеле теми во групи во текот на неколку недели. Овие часови би вклучувале компоненти на многу теми.

„Она што сега ни е потребно е поинаков вид на образование кое ученикот треба да го подгтови за кариерата и работата што ја посакува. Затоа мораме да направиме промени во образованието кои се потребни за индустријата и модерното општество“, вели Паси Силандер, менаџер за развој од Хелсинки.

Силандер вели дека 70% од финските професори во средните училишта веќе посетиле обука за промените кои следуваат. Досега, се покажуваат подобри резултати кај учениците, а повратната информација на професорите е позитивна.

Марјо Кулонен, менаџер за образование кој ја предводи иницијативата вели дека на образованието му е потребна огромна промена и редизајн. „На тој начин образованието ќе ги поткова децата со вештини кои ќе им бидат потребни за во иднината“, вели тој.

Новиот пристап има за цел да ги поттикне различните видови на учење, менувајќи од факти до решавање на проблеми, како и индивидуална работа за соработка. Со други зборови, наместо настава ориентирана кон вештини, на оваа структура приоритет и` се четирите К - комуникација, креативност, критичко размислување и колаборација - вештини кои се важниз а работење во тимови, честа појава во денешниот „хиперповрзан свет“.

Редефинирањето на образованието е од суштинско значење кое дава еден поглед врз иднината на работата на следната генерација, а тоа значи и проценка на вештини кои се помалку склони кон нарушување на автоматизацијата покрепена со роботиката и вештачката интелигенција. Вешините за кои ќе биде потребно подолго време за развивање се всушност четирите К.

Со ова Финска докажува дека постепено гради работна сила на иднината која и` е потребна на земјата - тие ги подготвуваат идните генерации да бидат одлични претприемачи.

Технологиите како iPad-от се неверојатни за учениците и сите останати луѓе, но тие се алатки а не сурогати за образование. Со фокусот ставен на учениците и четирите к, реформите на Финска ќе развијат генерации на претприемачи кои ќе изградат алатки кои технологијата не може ниту да ги замисли.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование