X
 17.02.2015 Здравје

Како да откриете колку е старо јајцето?

Продуктите кои секогаш ги имаме во фрижидерот се спас за секој брз појадок и дел од рецептите за секое колаче.

Сепак, освен двоумицата за тоа колку јајца треба да изедеме во текот на неделата, научниците се поделени за нивното влијание врз нашето тело како и дали се јаде свежо или не.

Како да препознаете кога јајцето е свежо

Јајцето е еден од ретките продукти чија старост најтешко се препознава бидејќи неговата содржина и изглед остануваат непроменети и после истекувањето на рокот на траење.

За препознавање на свежината на јајцето ви донесуваме мал трик за кој ќе ви бидат потребни неколку секунди, длабок стаклен сад и обична вода.

Постапка

Садот наполнете го до половина со вода, а потоа ставете го јајцето. Индикатор за свежина на јајцето:

1. Најсвежо јајце

Ќе препознаете дека јајцето е најсвежо доколку потоне на самото дно и остане да лежи неподвижно.

2. Јајце старо една недела

После ставањето во вода, доколку јајцето со едниот дел остане на дното но не со целата површина, тогаш едниот крај на јајцето повеќе не е добар за јадење.

3. Јајце старо три недели


За да проверите дали јајцето старо три недели се`уште може да се јади, кога ќе го ставите во водата треба да балансира со средината на неговата тежина и бавно да се крева од дното.

4. Старо јајце

Јајцето е опасно за јадење и со истечен рок доколку веднаш се спушти на дното и потоа веднаш се крене на површината на водата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје