Студентскиот пленум при ПМФ организира алтернативно предавање за сите заинтересирани оваа недела. Предавањето ќе се одржи во четврток на факултетот.
Предавањето со тема „Научно-истражувачката работа и високото образование“ ќе биде одржано од проф. д-р Валентин Мирчески од Институтот за хемија, кој воедно е и продекан за меѓународна соработка, научни и апликативни прашања на ПМФ.
Предавањето започнува во 14:00 часот, а истото ќе се одржи во физичкиот амфитеатар.
Настанот на „Фејсбук“.