„Фејсбук“ моментално има 2 милиони компании кои активно се рекламираат на социјалната мрежа.
Ова е покачување. Пред шест месеци, 1,5 милиони компании активно се рекламираа на социјалната мрежа. Пред 18 месеци, бројот изнесуваше 1 милион.
Сепак,
овој број е само дел од 30-те милиони бизниси ширум светот кои имаат фан-страница на „Фејсбук“ и кои се рекламираат на таков начин бесплатно.
Поголемиот дел од компаниите кои се рекламираат се мали или средни бизниси. Приближно 80% од малите бизниси започнуваат со рекламирање преку промовирани објави.
55,1% од малите и средни бизниси изјавиле дека имаат фан-страница на „Фејсбук“. Компанијата изјави дека 35% од малите бизниси во светот воопшто не се присутни на интернет.