X
 28.02.2019 Живот

Компании во кои милениумците најмногу сакаат да работат

Популарноста на компанијата и предностите што ги нуди, како што се бесплатни оброци и соби за одмор, се работи што ги привлекуваат помладите работници. Меѓутоа, она што најмногу ги привлекува е платата.

Гигантите од Силициумската долина, како „Епл“ и „Гугл“, сè уште се совршени работодавци за повеќето милениумци благодарение на платите што ги добиваат вработените.

Анализата што ја направи „Гласдор“ за тоа кој работодавец добива најголем број апликации од милениумците како одговор на огласите за работа, утврди дека доминира технолошката индустрија, по што следуваат бизнис-услугите и финансиите. Сите пет компании што се наоѓаат на врвот се од технолошката индустрија. Иако не сите компании од топ-10 се во технолошката индустрија, тие имаат нешто заедничко - на вработените им плаќаат повеќе од 100.000 долари годишно.

Во продолжение се 10. компании каде што сакаат да работат милениумците, како и најчестата работна позиција и просечната годишна плата (со исклучок на бонусите).

kompanii
Фото: Getty Images


1. „Амазон“


Менаџер за развој на софтвер - 142.240 долари
Виш менаџер на производи - 130.000 долари
Виш финансиски аналитичар - 108.248 долари
Менаџери на операции - 105.000 долари
Софтверски инженер - 104.770 долари

2. „Ај-би-ем“


Консултант за управување - 126.958 долари
Виш консултант - 100.00 долари
Софтверски инженер - 84.400 долари
Аналитичар на компјутерски системи - 81.906 долари
Компјутерски програмер - 73.205 долари

3. „Гугл“


Софтверски инженер - 123.871 долар
Менаџер на производи - 146.092 долари
Менаџер за веродостојност на веб-страница - 127.874 долари
Програмски менаџер - 110.446 долари
Менаџер за продажба - 77.278 долари

5. „Епл“

Виш софтверски инженер - 150.070 долари
Глобален менаџер за снабдување - 130.330 долари
Софтверски инженер - 121.920 долари
Инженер за решенија - 101.387 долари
Бизнис-менаџер - 86.508 долари

6. „Мајкрософт“

Софтверски инженер - 116.000 долари
Менаџер на производи - 115.499
Програмски менаџер - 106.000 долари
Инженер за развој на софтвер - 104.000 долари
Технички менаџер на продажба - 83.022 долари

7. „Роберт Халф“


Софтверски инженер - 108.998 долари
Директор на оддел - 55.880 долари
Менаџер за регрутирање - 50.000 долари
Извршен директор за продажба - 50.000 долари
Менаџер за персоналот - 44.000 долари

8. „Фејсбук“


Менаџер на производи - 149.352 долари
Дизајнер на производи - 137.168 долари
Научник за податоци - 135.000 долари
Инженер за производство - 134.061 долар
Софтверски инженер - 121.083 долари

9. „Пејпал“

Сениор менаџер - 160.538 долари
Сениор менаџер за производи - 132.477 долари
Софтверски инженер - 104.298 долари
Сениор аналитичар за ризик - 100.923 долари

10. „Делоит


Сениор консултант - 113.449 долари
Менаџер за ревизија - 95.763 долари
Консултант - 87.712 долари
Аналитичар за бизнис-технологија - 76.000 долари
Асистент за ревизија - 55.803 долари
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот