Модул за Soft Skills на ЕЕСТЕК Академија
Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од изминатиот семестар отпочнa со реализирање на серија на бесплатни курсеви кои се достапни за ограничен број на студенти на УКИМ.
Идејата зад овој проект е на студентите да им се понуди моќно комплементарно образование надвор од факултетската програма, сé со цел да ги прошират своите видици и да постигнат лично надградување и развој. Темите кои ќе бидат обработени со првата
ЕЕСТЕК Акедемија на учесниците на модулите ќе им овозможат стекнување на знаења на теми кои не се опфатени со образовниот систем. Академијата вклучува вкупно 5 модули. Првите два модули беа на темитe Behavioral Economics и Mobile application development, додека пак во наредните модули ќе се обработуваат темите: Soft Skills, Gaming и Telecommunications. Секој од овие модули претставува независна единка и пријавувањето и селекцијата за учество на секој од нив е засебно.
ЕЕСТЕК ЛК Скопје ги очекува студентите кои сакаат да си ги прошират знаењата надвор од самите студии и за кои личното надградување претставува секојдневна цел!
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА УЧЕСТВО НА ТРЕТИОТ МОДУЛ!
Модул 3 - Soft Skills
Што се soft skills или “меки вештини”? Како тие можат да ни помогнат во нашиот секојдневен живот? Како влијае говорот на телото, како поефикасно да го менаџираме нашето време и како да бидеме добри лидери?
Одговор на овие прашања а и многу други ќе добиете доколку учествувате во третиот модул од ЕЕСТЕК Академија, серија бесплатни курсеви за студенти, која од 3ти до 14ти март ќе опфати низа од предавања токму од оваа област. Предавањата ќе бидат во просториите на Американското катче во Скопје, а дел од нив ќе бидат одржани од страна на искусни презентери од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.
Body language, Time-management, Communication skills се само дел од темите кои ќе имате можност да ги научите, низ тренинзи кои нашите искусни тренери ќе се погрижат да бидат интересни и интерактивни. Идејата на овој модул е да ви даде еден вид образование комплементарно на факултетското и да ве научи на круцијални вештини кои потоа ќе ги користите во секојдневниот живот.
Што е потребно за да се пријавам? Сé што треба да направите е да имате желба за нови знаења и да ја пополните следната форма за пријавување:
http://bit.ly/ApplyModule3
Покажете ја својата мотивација во апликацијата, затоа што местата се ограничени! Не ја пропуштајте оваа уникатна шанса на бесплатно образување! Аплицирањето трае до 28ми февруари (сабота), 14:00 часот.