Прерано е да се каже дали вештачката интелигенција ќе му донесе само добро на светот или ќе доведе до исчезнување на луѓето, но јасно е дека таа веќе е дел од нашите животи и тоа нема да се смени. Затоа, добро е да се научи нешто повеќе за оваа технологија. На платформата „Јудеми“ се нудат повеќе онлајн курсеви за вештачка интелигенција. Во продолжение се некои од нив кои може да ги следите бесплатно.
- Вештачка интелигенција: подгответе ја кариерата за вештачка интелигенција (
Artificial Intelligence: Preparing Your Career for AI)
- Станете инженер за вештачка интелигенција: „Чет-ГПТ“, „Гитхаб копајлот“ (
Become an AI-Powered Engineer: ChatGPT, Github Copilot)
- Усовршување на оптимизацијата на пребарување со „Чет-ГПТ“: како да создавате содржина за оптимизација на пребарување со вештачка интелигенција (
ChatGPT SEO Mastery: How to Rank with AI SEO Content)
- Вештачката интелигенција на „Гугл БАРД“ и „Чет-ГПТ“ за зголемена продуктивност (
Google BARD and ChatGPT AI for Increased Productivity)
- Вовед во вештачка интелигенција (
Introduction To Artificial Intelligence)
- Започнување со вештачка интелигенција (
Kickstart Artificial Intelligence)
- Работа со „Мидџурни“: техники за создавање слики со вештачка интелигенција (
Mastering Midjourney: Techniques for AI Image Generation)
- Основи на „Макрософт азур АИ“: започнете со вештачка интелигенција (
Microsoft Azure AI Fundamentals: Get started with AI)
- „Мидџурни“ 101: искористете ја вештачката интелигенција за создавање уникатни слики (
Midjourney 101: Unleash AI for Unique Image Generation)
Извор:
Mashable
Насловна фотографија: Pixabay