На платформата за онлајн курсеви „Јудеми“ има повеќе бесплатни курсеви за „Чет-ГПТ“. Со нив може да научите како да ја подобрите продуктивноста, да креирате содржина или да ја подобрите работата на вашиот бизнис со помош на вештачка интелигенција.
Во продолжение се некои курсеви за „Чет-ГПТ“ кои се бесплатни во моментов.
- „Чет-ГПТ“ за почетници за практични намени (
Beginners ChatGPT for Practical Applications)
- „Чет-ГПТ“ + блогирање (
ChatGPT + Blogging)
- „Чет-ГПТ“: од почетник до професионалец (
ChatGPT Bootcamp: From Beginner to Pro)
- „Чет-ГТП“ почетен курс: автоматизација на задачи со вештачка интелигенција (
ChatGPT Crash Course: Automate Tasks with AI)
- „Чет-ГПТ“ за почетници: примена за секого (
ChatGPT for Beginners: The Ultimate Use Cases for Everyone)
- Започнување со АПИ на „Чет-ГПТ“ (
Getting Started with the ChatGPT API)
- Мрзливи прашања, луди одговори со помош на „Чет-ГПТ“ (
Lazy Questions, Crazy Answers using ChatGPT)
- Олеснување на предавањата со вештачка интелигенција („Чет-ГПТ“) (
Make Teaching Easier with Artificial Intelligence (ChatGPT))
- Усовршете ги маркетингот, рекламирањето и создавањето содржина со „Чет-ГПТ“ (
Master ChatGPT Marketing + Advertising + Content Creation)
- Управување со времето со помош на „Чет-ГПТ“: користење на вештачката интелигенција како личен асистент (
Time Management with ChatGPT: Use AI as Personal Assistant)
Извор:
Mashable
Насловна фотографија: Pixabay