Македонија во петок ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат проследени со засилен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 20 км/ч.
Ќе дува засилен северен и североисточен ветер, а во источните и југоисточните предели ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринските температури од 0 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 12 степени.
Во Скопје во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна температура до 11 степени.
Првиот ден од викендот ќе ни донесе претежно облачно време со услови за слаби локални врнеж од дожд и релативно топло време. Утринските температури од 0 до 8 степени, а максималните дневни ќе се движат од 6 до 13 степени.
Во недела ќе биде претежно облачно и суво. Утринските температури како и во сабота од 0 до 8 степени, а дневните температури до 7 односно до 14 степени.
Сончеви периоди ќе имаме во понеделник и вторник, кога ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Минималните температури од -2 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.
Weather4all.com.mk