X
 18.11.2015 Живот

Какво време да очекуваме во наредните пет дена?

Во утринските часови по котлините и долините на реките ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат идентични како и денешните, па утринските ќе се движат во интервал од -1 до 7 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 22 степени.

Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 19 степени.

Ведро и топло време не очекува во наредните два дена, а потоа зголемување на облачноста и врнежи од дожд.

Во четврток и петок сончево и топло со максимални температури од 14 до 22 степени во четврток, односно од 12 до 21 степени во петок. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди и ветровито, а дневни температури од 9 до 18 степени. Во текот на ноќта сабота кон недела и во недела нестабилно со врнежи од дожд и засилен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Максималните температури од 8 до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот