Германија е земја која на светот му ги даде најголемите музички композитори на класиката како Бах, Брамс и Бетовен. Исто така, таа била дом на големи светски писатели како Гете и Шилер.
Оваа централна европска земја го има најдоброто пиво и највкусните колбаси и секако, познатио Октоберфест. И секако, скијање од светска класа.
Земјата била уништена од двете светски војни, но сепак усепала да се крене и да започне одново. Таа е позната по прецизното инженерство и високо-технолошките произовди и претставува главна светска економска сила.
Каде и да одите во Германија, ќе пронајдете историја, започнувајќи од градови кои првично биле римски населби. Средновековните плоштади и цркви ги повикуваат посетителите, како и снежните планини, прекрасните сини езера и се разбира, Црната Шума.
Германија има бројни градови кои треба да ги посетите, а ние ви ги нудиме најубавите.
Линк до галеријата.