Технологијата некогаш може да прави сериозни чуда. Можеме колку сакаме да зборуваме за зависноста што ја предизвикува, но вакви чуда не` потсетуваат за нејзината важност.
68 годишниот Ален Здерад е пример за тоа. Слепиот Ален сега може да го види светот околу него, и најважно неговата сопруга после 10 години мрак со помош на бионичко око. Пред околу 20 години на Ален му била дијагноситицирана дегенеративна болест на окото поради која постепено го губел видот.
Клиниката од Минесота на Ален му дала прототип на око наречено „Second light“. Ова бионичко око му овозможи повторно да гледа форми.