Досега за користење на Скајп услугите моравте да имате кориснички профил/сметка, меѓутоа тоа во иднина нема да биде потребно.
Скајп и понатаму претставува омиленото средство за онлајн комуникација на милион корисници ширум светот, иако одамна доби доста сериозна конкуренција. Откако стана сопствеништво на Мајкрософт, Скајп доста често овозможува нови опции и услуги, бидејќи единствено така може да опстане на пазарот.
Колку тоа му успева е прашање на кое одговорот, како и секогаш, ќе го даде исклучиво времето. Новата опција која е штотуку претставена дополнително ќе ја подигне популарноста на апликацијата бидејќи овозможени се повици, видео повици и чет разговори без да се презема, инсталира и отвора корисничкиот профил.
Доволно е да одите на страната на Скајп (www.skype.com) каде покрај досегашната стандардна опција за преземање на апликацијата, ве очекува и нова опција која се крие позади „Start a conversation“. Со кликање ви се отвора можност за ставање на сопствено име после што ќе ви се отвори ново прозоррче во кое можете да започнете со повикување на пријатели на чет, повик или видео повик. Ниту другата страна не мора да има инсталирано Скајп апликација на својот компјутер, таблет или паметен телефон.
Опциите се исти како и самостојната апликација инсталирана на вашиот уред, но после 24 часа од почетокот и отворањето на разговорот, се' се брише.
Ако немате кориснички профил за Скап, а сакате да го користите, ова е совршена опција за вас.