Во 2019 година НАСА ќе ја испрати капсулата наречена „Орион“ на траекторија која ќе трае 25 дена. Прво ќе биде лансирана „Спејс лаунџ систем“, најмоќната ракета што некогаш била направена. Потоа капсулата ќе се испрати на 245.131 милја надвор од Земјата, ќе се движи околу Месечината, а потоа ќе се врати на Земјата со брзина од 24.500 милји на час. Во раните 20-ти години НАСА планира повторно да го изведе тоа, но со човечки екипаж.
фото извор: Vincent Fournier
Фотографот Винсент Фурние добил ексклузивен пристап до просториите каде што се тестираат леталата и се одвиваат подготовките за мисијата. Поминал 20 дена во објектот и направил низа фотографии што ги потврдуваат плановите на НАСА. Пред да се лансира ракетата, се креира резервоар за гориво, резервоар за водород, кој е толку деликатен што се движи од хоризонтална во вертикална позиција, а тоа движење бара период од 3 дена.
Потоа, постои и адаптер за стартување на возилото, кој ја поврзува главната сцена со капсулата. Се вршеле над 50 теста за да се постигне совршено ниво секојпат. Тука е и куполата за заварување, за која се грижи тим од 6 лица. Потоа, тука се и моторите, кои можат да издржат температура од -253 Целзиусови степени. Внатрешниот резервоар е најсилниот дел, кој е тестиран со повеќе од 100 хидраулични активатори.
фотоизвор: Vincent Fournier
Тестирањето на системите за интеграција се врши во контролни центри за навигацијата и моторите. Тестирањата се вршат во термални простории за да се види дали може да се издржи екстремна топлина, студ и вибрација. За да се осигури дека ракетата може да издржи суперсонични ветрови, НАСА го тестира секој момент од траекторијата во ветровити тунели. Пред да се одобри за лет, се тестира моторот без
ракетата приклучена на него. Но, тој процес инженерите го набљудуваат оддалеку.
фотоизвор: Vincent Fournier