X
 04.03.2015 Култура

Биографијата на Џобс ветува "сензационални" нераскажани приказни

2

 

На 24 март е закажано објавување на книгата „Becoming Steve Jobs“ која ветува невиден поглед на Џобс, составен од интервјуата со неговите поранешни колеги, вклучувајќи го и неговиот наследник Тим Кук, неговиот близок соработник и пријател Џони Ајв, како и неговата сопруга Лорен Пауел Џобс.


Оваа книга, која се очекува да биде брилијантно и убедливо напишана, го побива конвенционалното гледиште кон овој човек - човекот кој отсекогаш луѓето го сметале за половина гениј, половина идиот. Оваа книга одговара на најважното прашање за животот и кариерата на ко-основачот на Apple, и негов извршен директор: „Како еден млад човек толку невнимателен и толку арогантен што бил избркан од компанијата што ја основал, успеал да стане најефикасниот бизнис лидер на нашето време?“

Врз основа на сеопфатни разговори со потесниот круг на пријатели, членови на семејството, конкуренти и колеги, новинарите Брент Шлендер и Рик Тетзели го претставуваат портретот на Џобс, далеку посуптилен и поинтимен од неговите претходни биографии.

Новинарот Брент Шлендер ја следел работата на Џобс скоро 25 години; тој беше новинарот кој успеал да ги седне еден до друг Џобс и Гејтс во заедничко интервју во 1991 година.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура