X
 04.03.2015 Наука

Дали планетата Земја има уште една Месечина?

Дали планетата Земја има само една Месечина? Што останато орбитира околу нашата планета?

 

месечина


Месечината претставува небесно тело кое орбитира околу друго небесно тело (месечината може да орбитира околу планета, џуџеста планета, астероид, комета, итн). Првата Месечина којашто била откриена била самата Месечина, односно нашата Месечина, односно таа што орбитира околу Земјата.

Во 1610 година Галилео ги открил првите месечини кои орбитирале околу некоја друга планета додека гледал низ неговиот телескоп и видел четири објекти кои орбитираат околу Јупитер: Ганимед, Калисто, Ио, и Европа. Од тогаш, астрономите откриле стотици други Месечини во нашиот Сончев систем. Меркур и Венера се единствените планети кои немаат Месечини.

Како што знаеме, планетата Земја има само една месечина. Технички да, но сето тоа не е толку едноставно. Постои сателит наречен 3753 Cruithne кој, иако орбитира околу сонцето, се наоѓа во „орбитална резонанса“ со Земјата. Ова значи дека тој прави орбита во форма на грав. Тоа дефинитивно не е „втора месечина“ на Земјата, како што некои луѓе погрешно го нарекуваат.

Поннекогаш Cruithne е на другата страна на Сонцето. Потребна му е приближно една година за да орбитира околу Сонцето, но 770 години за да го заврши својот комплициран облик на грав околу Земјата.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука