Бордот на Европски Студенти по Технологија - БЕСТ Скопје со гордост ви го најавува 11-то по ред издание на Саемот за вработување и кариера - Job Fair кој оваа година ќе има две изданија: првото од 9 до 11 март на Градежниот и Архитектонскиот факултет, а второто од 5 до 7 мај на комплексот технички факултети и како новитет оваа година, Факултетот за Дизајн на мебел и ентериер.
Саемот има за цел да им овозможи на студентите да остварат директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалитетен работен кадар. Job Fair како проект на БЕСТ-Скопје, претставува одлична шанса за студентите да дојдат до работа или пракса во една од водечките компании во Македонија.
Во деновите предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели, како и нивните понуди, а студентите ќе имаат шанса да им постават прашања, подетално да се информираат, и лично да си го претстават своето CV. Предвидени се и обуки и презентации од страна на компаниите на кои студентите ќе можат да присуствуваат.
Сите заинтересирани студенти за пракса или работно место, можат да пополнат CV на страната на Job Fair
www.jobfair.org.mk. Вашето CV автоматски ќе стане дел од датабазата до која имаат пристап компаниите учеснички на саемот.
Бидете дел од Job Fair и направете чекор поблиску до вашата кариера!