Голем дел од студентите во Србија ќе дипломираат годинава, сакале или не. Во прашање се студентите кои запишале факултет по стара програма, кои ќе мора да дипломираат до крајот на оваа академска година.
Министерството за образование донесе одлука за неодложување на конечниот рок за „вечните студенти“, па сите кои запишале факултет по стара програма ќе мора да ги положат сите испити до крајот на годината.
Така, сите кои се запишале на факултет пред 2006 година ќе мора да дипломираат најдоцна до крајот на академската година 2015/2016. Овој рок веќе бил менуван повеќепати досега.
Универзитетот во Белград им испрати упатства на одговорните за оние кои нема да успеат да дипломираат во оваа академска година. Имено, овие студенти ќе имаат можност да запишат студии повторно, според болоњскиот систем на студии.