Во Македонија во среда во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и релативно топло. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста која што кон крајот на денот и во текот на ноќта среда кон четврток ќе услови врнежи од дожд.
Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер.
Утринските температури ќе се спуштат до -4 односно до 4 степени, а максималните дневни од 7 до 16 степени.
Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна температура до 13 степени.
Во четврток во Македонија ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. На планините со врнежи од снег. Минимални температури од 1 до 9 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.
Облачно но со слаби врнежи од дожд ќе имаме во петок. Врнежите од снег ќе се спуштат и во некои повисоки градови кои се над 500 метри надморска висина. Но да напоменеме дека се работи за слаби врнежи. Минимална температура од -1 до 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 3 односно до 12 степени.
Во сабота претежно облачно и суво без врнежи со утрински температури од -3 до 5 степени. Максималните температрури ќе достигнат до 1 односно до 10 степени.
Во недела не очекува студено утро со утрински температури од -5 до 3 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Максималните температури ќе достигнат до 2 односно до 11 степени.
Weather4all.com.mk