Денес е среда, 21 декември 2016 година, 356-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:52, а ќе зајде во 16:11 часот. Денот ќе трае 9 часа и 19
минути. Денес во 11 часот и 44 минути, во Македонија и на северната
полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото.
Воедно, среда на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината
(краткоденица), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден
(долгоденица).
Ова утро во Македонија имаме претежно ведро и студено време, но малку
потопло во однос на изминатите денови. Исто така имаме и појава на слаба
магла по одделни котлини, особено долж Повардарието.
МАКЕДОНИЈА – По студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот
ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Ќе дува
доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Минималните
температури од -10 до -1 степен, додека пак максималните дневни ќе
достигнат до 1 односно до 10 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на магла, а во текот на
денот ќе биде претежно сончево. Слаб северозападен ветер. Утринската
температура од -5 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до
6 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток, петок и сабота по
студените утра, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло
време со дневни температури кои ќе бидат повисоки од просечните за овој
период од годината. Утринските температури ќе се движат во интервал од
-12 до -2 степени, додека пак максималните дневни од 2 до 12 степени. Во
недела претежно сончево со појава на локална облачност, утринските
температури од -9 до -1 степен, а максималните до 3 односно до 12
степени.
Weather4all.com.mk