06.03.2015
Образование
Читање на кучиња: Програма која им помага на учениците со читањето
Кучињата се секогаш тука за да слушаат.
Моли и Лео, и двете 10 годишни кучиња, веќе 7 години им помагаат на децата да читаат како дел од непрофитабилната програма наречена „Gift of Literacy“.
Оваа програма после училиште, им помага на вторачињата кои имаат проблеми со самодовербата додека читаат, и им нудат одлична атмосфера во којашто тие можат на глас да им читаат на кучињата.
„Тие имаат целосна слобода и навистина уживаат“, вели директорот на програмата Џуди Грос.
„Повеќето од учениците избрани за оваа програма се ученици на англиски јазик чиишто семејства зборуваат различен јазик дома, такашто на децата им е потребна дополнителна поддршка за да ги усвојат основните вештини неопходни за успех на училиште“, вели веб страната на програмата.
„Gift of Literacy“ којашто трае од октомври до мај, им овозможува на децата да поминуваат еден час со Моли и Лео секоја среда. Сесијата на читање е само еден дел од големата инцијатива којашто им овозможува на учениците оброк после училиште, средба со ментор и инструкции. Сепак, читањето со кучињата е главната активност.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски