Многумина сакаат да читаат книги пред спиење, но најново истражување покажува дека можеби тоа не е најдобра идеја. Истражувачите објаснуваат дека читањето книги во креветот може да доведе до несоница, а подоцна и до нарушување на спиењето.
- Доколку сте долго будни откако ќе легнете в кревет, тоа ќе има негативно влијание врз вашиот мозок. Имено, тој тогаш не знае дали треба да биде буден или е време за спиење - објаснува докторот Даниел Рифкин.
Експертот за циркадискиот ритам, докторот Дејвид Кенвеј, се согласува дека повеќето интересни активности треба да се прават надвор од креветот, вклучувајќи го и читањето. Тоа не значи дека читањето не може да биде одличен начин да се опуштите и да се подготвите за спиење надвор од креветот, според него.
Фото: Pixabay
Книгите, особено оние што ментално стимулираат или вознемируваат, може да ве издвојат од дневните проблеми кои ве држат будни навечер. Но идеално е да ги читате надвор од спалната соба.
- Обидете се да најдете удобно место за читање. Кога сте уморни и очите ви стануваат тешки, тогаш одете во спалната соба за мозокот потсвесно да го поврзе тоа место со сонот - советува Рифкин.
Доколку често читате в кревет и немате проблеми со спиењето, не мора да ги менувате навиките, велат истражувачите.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Pixabay