X
 09.03.2015 Образование

Средношколскиот пленум од Битола порачува: "Шиканирањето не` охрабрува!"

Откако утрово Битола беше излепена со плакати со навредливи содржини наменети за претставниците од Средношколскиот пленум, се огласија пленумците и велат дека се изложени на јавни шиканирања.

 

2


„Благодариме на вниманието. Пари има за сите, дојдете. Имаме план, да купиме куќа - да купиме стан. Вакви гестови не нè обесхрабруваат, напротив, нè прават посилни. Ниеден пленумец нема да оставиме назад, затоа што работиме на принципи на солидарност и соработка и се држиме заедно! А вашите имиња (и тие со лажни профили), заедно со вашите закани - ќе ги објавуваме јавно. Само заокружувајте нè и стигматизирајте нè. Стравот е за вас!

Кој сее страв, жнее гнев!“

Пленумците велат дека ова ги прави посилни и посплотени, а заканите и притисоците ќе бидат јавно објавени.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование