X
 14.02.2023 Образование

УКЛО почнува со реализација на нови проекти наменети за јакнење на студентските компетенции и вештини

УКЛО ги објави резултатите од успешно одржаната Универзитетска студентска конференција, како солидна основа за поквалитетна реализација на идни студентски конференции.

Во таа насока УКЛО, покрај студентите, го вклучува и академскиот кадар кој со свои предлози треба да помогне да се внесуваат иновативни решенија за организирање поквалитетни и поуспешни студентски собири.

По дисеминацијата на резултатите од УСК, УКЛО почнува со реализација на неколку нови активности што треба да им користат на студентите, да им помогнат во јакнење на нивната академска стручност и способност.

Меѓу првите е проектот „УКЛО НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ“, со цел подобрување на знаењето, вештините и компетенциите за лични, општествени и професионални потреби, нагласува проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска, проректор за студентски работи на УКЛО.

Таа потенцира дека активностите во овој нов проект се всушност нотирани токму од студентите, учесници на УСК.

1

Воведовме процес на оценување и самооценување за да ги мотивираме студентите да ги развиваат и да ги покажат индивидуалните способности, да ги почитуваат различностите и да ги промовираме нивните предиспозиции и можности за успех. Самооценувањето, кое беше една од алатките вклучени во реализацијата на УСК, обезбеди повратна информација од студентите, што е особено вредно и корисно. Имено, тие студентски самовреднувања наидоа на силен одѕив и позитивна реакција од универзитетската јавност и ќе се користат во насока на креирање дополнителни академски дејствувања, со единствена цел - да им се понуди на студентите на УКЛО поттикнувачка и исполнета средина за студирање.

Комисијата за студентски работи, во чиј делокруг на работа се вакви и слични студентски активности, ја оцени УСК како особено важно и корисно средство во процесот на идентификација на надареноста и талентираноста на студентите, во согласност со Правилникот на УКЛО и по нејзин предлог, УКЛО и конкретно ќе ги вреднува талентираните студенти за да им се даде потребната институционална поддршка.

Исто така, договорено е презентираните трудови на УСК, подобрени и технички уредени, да бидат објавени во новото студентско списание на УКЛО „NEW HORIZONS – Journal of students’ research“.

Инаку, резултатите од УСК се претставени и на видеоклип во кој се нуди информативен пресек од студентската конференција. Овој современ начин се очекува да помогне да се иницираат и други активности за обезбедување средина во која студентите на УКЛО перманентно ќе напредуваат и ќе ги развиваат индивидуалните способности и интелектуални капацитети.

2

Студентите од прв и втор циклус на УКЛО од сите единици на Универзитетот, Универзитетската студентска конференција на тема: „Од студентите на УКЛО за општеството“ ја одржаа на 21 декември 2022 година.

Студентскиот лидер на УКЛО, Душан Стевановски, со особено задоволство го нагласува масовниот одѕив на студентите. На првата УСК УКЛО учествуваа 65 студенти со 38 труда во соработка со 34 ментори.

УКЛО го оцени настанот како повеќе од успешен поради неговото пошироко академско значење, особено затоа што Конференцијата покрај поврзување на трудовите ја разви универзитетско-социјалната димензија за меѓусебно обединување, дружење и подобро запознавање меѓу студентите, што само по себе овозможува и повисоки резултати и поголема успешност.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование