1 новa рута до Лондон Лутон
Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа,* денес најави дополнително проширување и во Охрид. Новата услуга до Лондон Лутон ќе започне на 14-ти јуни со 2 нови лета неделно, кои ќе се спроведуваат во во среда и недела.
Wizz Air во јануари најави нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на 1-ви јули со лет до Базел Мулхаус - Фрајбург. Со новата услуга Охрид - Лондон Лутон, Wizz Air во моментов нуди вкупно 21 линија до 9 земји од 2 македонски аеродроми, Скопје и Охрид.
НАЈНОВАТА РУТА НА WIZZ AIR ОД ОХРИД:
Дестинација : Лондон Лутон
Денови: Среда, Недела
Започнува од: 14 Јуни
Цени од***: 1,499 МКД
"Денес на наше задоволство го објавуваме новиот лет од аеродромот во Охрид. Пред помалку од 2 месеци ја објавивме нашата прва рута од Охрид кон Базел Мулхаус Фрајбург, а денес додаваме и втора рута до Лондон Лутон во Велика Британија. Се надеваме дека нашите рути од Охрид кои ќе стартуваат ова лето ќе бидат добро прифатени од страна на потрошувачите, што би ни овозможило да воведеме нови ефтини летови од Македонија." Изјави Ѓорѓу Абран, главен комерцијален директор на Wizz Air.
Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид, изјави: "Ние сме многу горди на нашиот регион и наследство. Охрид е еден од најпопуларните туристички дестинации во Македонија и благодарение на новата директна рута на Wizz Air, ние со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на многу посетители од Велика Британија во нашиот прекрасен регион.
За Wizz Air
Wizz Air е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа*, управувајќи со 54 “Airbus A320” авиони и нуди** над 360 рути од 20 бази поврзувајќи 110 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.200 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 15.8 милиони патници во финансиската година 2014
*Извор: Иновата, на основа на распоредот за заминувачки капацитети, цо период од 1 Април до 30 Септември 2014 година . Централна и Источна Европа е регион кои ги опфаќа Албаниа, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естониа, Унгарија, Косово, Латвиа, Литваниа, Македонија, Молдавија, Црнагора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словение и Украина.
** Од 28 Јануари 2015
*** Цени за еден правец со вклучена такса, без дополнителни трошоци и 1 рачен багаж