Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа денес го објави новиот 5-годишен договор за партнерство со две реномирани организации за тренинг за обезбедување на обука за млади пилоти за потребите на својата кoмпанија. Обуките ќе почнат во Септември 2015, а во истата првично ќе бидат вклучени над 40 пилоти годишно. Обуките ќе се вршат според EASA регулацијата и ќе вклучуваат интегрирани обуки за ATPL, комбинирани со обуки за Airbus A320.
По јавното тендерирање и извршената евалуација Wizz Air ги одбра CTC Aviation и Central European Flight Academy да ги организираат обуките. Младите пилоти ќе се обучуваат и ќе ги развиваат своите вештини кои се релевантни и фокусирани кон оперативните потреби на Wizz Air и за поддршка на забележителниот раст на компанијата со високо квалитетни и комплетно обучени копилоти со завршена обука. Оваа програма за обука ќе им овозможи на оние кои ќе ја завршат обуката директно да се вклучат како копилоти во компанијата летајќи го авионот Airbus A320 на WIZZ-овите летови по завршување на целокупната обука. На копилотите им се нуди одлична шанса за кариерен развој и напредување до рангот – капетан, по поминување на потребен број на години и искуство во воздухопловството.
Wizz Air им гарантира работа (според стекнатото знаење) по успешно завршување на обуката, со што ќе им помогне на учесниците да ги обезбедат потребните средства за финансирање на програмата. Ваков пристап ретко се среќава во авио индустријата и е израз на посветеност на компанијата во пронаоѓање на најквалитетни млади пилоти на пазарот.
David Morgan, шефот на летање и главен пилот во Wizz Air, изјави: “Персоналот е срцето на Wizz Air и ние сме среќни што можеме да понудиме шанса на една цела млада генерација на пилоти. Тие ќе станат дел од Wizz Air семејството и ќе ја уживаат таа неверојатна можност да бидат директно вработени како копилоти во нашата флота на Airbus A320 и A321 авионите со можност да напредуваат во кариерата и да станат капетани и дел од менаџментот. Ова е едно возбудливо поглавје во нашата историја и ние со нетрпение очекуваме да го пронајдеме нашиот нов иден талентиран авио екипаж.
За WizzAir
Wizz Air е најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 57 “Airbus A320” авиони и нуди над 380 рути од 21 бази поврзувајќи 112 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.200 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 16.5 милиони патници во финансиската година 2015 заклучно 31 Март. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер WIZZ
За Central European Flight Academy
Central European Flight Academy, или "CEFA", е нова компанија, која започна како соработка помеѓу Tréner Kft., Martinair Flight Academy и Flight Simulation Company. Таа има за цел да обезбеди млади пилоти од Централно Европскиот регион, со највисок квалитет за обука за воздухопловството, која е на распологање, за да се осигура успешна кариера. Компаниите под Central European Flight Academy во моментов се одговорни за обука на лица од над 200 различни авиокомпании од целиот свет. Искуството на основачките компании за тренинг во воздухопловството од Централна Европа овозможуваат CEFA да стане главен играч во пилотското обезбедување во овој регион. Во CEFA на располагање е аеродром, нова генерација на авиони и целосно опремени симулатори сместени во центрите за обука, целосно одобрени од EASA.
За CTC Aviation
CTC Aviation е глобална компанија за обука на пилоти и снабдување со ресурси на компаниите, која нуди иновативни решенија во партнерство со клиентите во целиот свет. Најновата генерација на екипажот на центрите за обука и ресурси се наоѓа на атрактивни, добро поврзани, погодни локации во Велика Британија, Нов Зеланд и САД CTC и со нивните услуги го опфаќаат целиот спектар на барања од “ab initio” учесниците на оваа пилот селекција, обука и пласирање во авиокомпанија на повеќе напредни места на екипажот, обука и обезбедување на услови за искусни пилоти, инструктори и испитувачи. Како меѓународно одобрена организација за обука ( ab initio и тип обука), компанијата обучува и регрутира околу 3.000 луѓе - авио екипаж за повеќе од 50 глобални авиокомпании секоја година.