X
 03.04.2024 Живот

Се продава куќата на Фреди Меркјури, почетната цена е 35 милиони евра

Куќата на Фреди Меркјури во Лондон е ставена на продажба, а се прифаќаат понуди од над 35 милиони евра.

Меркјури живеел во оваа куќа последните десет години од својот живот, а таа се продава првпат по речиси 50 години.

Фронтменот на „Квин“ ѝ ги оставил вилата со осум спални соби и целиот свој имот на својата блиска пријателка и поранешна девојка Мери Остин. Вилата „Гарден лоџ“, куќа од тули во неогрузиски стил, лоцирана во отмената населба Кенсингтон, ја продава агенцијата „Најт Френк“, а објектот не е на јавниот список со огласен недвижен имот.

Меркјури ја купил оваа куќа во 1980 година, а во биографијата навел дека ја платил во готово, во денешна вредност од 585.000 евра.

- Ја видов куќата, се заљубив во неа и за половина час беше моја - се пофалил Меркјури во книгата.

 

Тој ја реновирал куќата и ја наполнил со скапоцени уметнички дела, меѓу кои и дела од Пикасо, Дали и Матис.


Куќата е ставена на продажба од крајот на минатиот месец.

Извор: lolamagazin.com

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот