Студент сте и не сакате усен испит? Имате страв и не можете да се сконцентрирате, а со самото тоа и да го покажете вашето знаење? За успешна подготовка за усен испит треба да обрнете внимание на неколку важни работи.
1. Испитот треба добро да го подготвите. Учењето е најважно и без него нема да имате успех на испит.
2. На време проверете го точниот датум, термин и местото на полагање. Проверете дали на испитот се користат технички средства.
3. Добро е да го прашате професорот кои се можните прашања на испит. Запишете можни испитни прашања и извежбајте ги одговорите на нив.
4. Добар начин на подготовка може да биде работата со колегите и други лица од областа за која учите и го спремате испитот.
5. Повторувајте ги и вежбајте ги одговорите пред огледало за да го видите и процените вашето однесување, изразот на лицето, движењата итн.
6. На испитот изгледајте професионално. Пристојно облечете се, исклучете го мобилниот телефон, и немојте да им пречите на колегите.
7. На полагање пристигнете порано.
8. Времето до испитот искористете го за да се опуштите, а не да го повторувате материјалот.
9. Кога ќе започне испитот, целото внимание насочете го кон професорот. Важно е да заземете добра и пристојна поза и да се обидете да остварите контакт со очите.
10. Во текот на испитот потрудете се да бидете интелигентен соговорник, но и интелигентен слушател. Ако не го знаете одговорот на некое прашање, немојте да се оддалечувате од темата. Тоа професорите не го сакаат. Јасно кажете дека не го знаете одговорот, но обидете се да дојдете до него.
11. За време на испитот задржете ја самодовербата и прибраноста, дури и тогаш кога работите не одат во најдобар ред. Често професорот го тестира вашето однесување.
12. Кога станува збор потврдни/одречни прашања, секогаш одговарајте со да или не.
13. Кога одговарате секогаш потенцирајте ги важните делови. Кажете и по некој пример со кои ќе го поткрепите вашето познавање.
14. Понекогаш е добро да го прашате професорот дали има нешто што би можеле да го кажете и кое би помогнало да го оформи мислењето за оценката.
15. Без оглед на резултатот на испитот, од просторијата излезете пристојни, достоинствено и поздравете се.
16. После усниот испит направете сопствена проценка. Што сте направиле добро, а што лошо. Оваа проценка можете да ја запишете за да можете да го поправите вашиот севкупен настап за следниот испит.