X
 12.04.2020 Образование

Студентите на Универзитетот во Хаваи имаат опција да положат без оценки поради коронавирусот

Универзитетот во Хаваи овој семестар на своите студенти им нуди да одберат помеѓу две опции за оценување. Едната опција нема оценки. Студентите може да бидат оценети со нумеричка оценка или по принцип положен/неположен.

- Универзитетот во Хаваи зема предвид дека академските, личните и финансиските ситуации на студентите, професорите и вработените биле неочекувано трансформирани - напишале од Универзитетот во порака до сите студенти.


Фото: Facebook

Професорите треба да известат за оценките на студентите до 20 мај, а студентите ќе имаат период до 22 мај да одберат помеѓу опциите за оценување. Оние што ќе го одберат принципот положен/неположен ќе имаат белешка во индексот на која ќе пишува дека имало прекин во семестарот поради коронавирусот. Универзитетот ќе се врати на стандардниот начин на оценување во текот на летото, доколку се смири кризата.

Студентите на сите 10 кампуси при Универзитетот ги следат предавањата онлајн од 23 март. Универзитетската зграда е затворена за јавноста, иако студентскиот дом и некои други објекти, како библиотеката, се отворени.

Автор: Кеси Ордонио
Извор: staradvertiser.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование