Луѓето кои премногу ги сакаат парите мораат да бидат исфрлени од политиката, вели поранешниот претседател на Уругвај Хозе Мухика.
„Ја измисливме демократијата, според која мнозинството ги донесува одлуките. Тоа е причината зошто ние, врвот на државата, треба да живееме на ист начин како и поголемиот дел од населението во државата, а не да бидеме привилегирани индивидуалци“, вели тој.
Наречен „најсиромашниот претседател на светот“ Мухика донирал 90% од неговата плата во добротворни цели. Неговиот пример нуди силен контраст со Америка, акдешто политиката на еден среден член на Конгресот е во вредност од повеќе од 1 милион долари.
„Црвениот тепих, луѓето кои се појавуваат таму, сите овие работи се „остатоци“ од феудализмот“, вели тој.
Мухика објаснува дека нема ништо против богатите луѓе, но мисли дека тие воопшто не ги застапуваат интересите на мнозинството луѓе кои не се богати.
„Не сум против богатите луѓе и луѓето кои имаат пари, сакаат пари и полудуваат за пари, но во политиката тие луѓе мора да се одделат затоа што тие се опасност за политиката. Луѓето кои сакаат пари треба да се посветат во индустријата, трговијата за да го размножат богатството. Но политиката е борбата за среќата на сите“, додава тој.
На прашањето зошто богатите луѓе се лоши претставници на сиромашните, Мухика вели: „Тие имаат тенденција да го гледаат светот преку својата перспектива на пари. Дури и ако имаат добри намери, перспективата која ја имаат за светот и за животот, па дури и за нивните одлуки е формирана од богатството“.
Мухика е познат по тоа што го
одбива симболот на богатството и често пати го покажува тоа.
„Вратоврската е бескорисен партал што го ограничува вратот. Јас сум непријател на хиперконсумеризмот. Поради него, човек заборава на основните работи“, вели тој.