X
 16.03.2015 Живот

Исчезнуваат 83% од светлата во Сирија

сирија

 

Моменталниот конфликт во Сирија буквално ја носи земјата во темнина.


Едно ново истражување со помош на сателитските снимки собрани уште од почетокот на конфликтот покажуваат дека светлата видливи над Сирија навечер опаднаа за 83% уште од март 2011 година.

Истражувачите од кинескиот Универзитет Вухан, заедно со нивните колеги од Универзитетот во Мериленд, соработувале со невладината организација #WithSyria за да ги анализираат овие слики.

„Сателитските снимки се најобјективниот извор на податоци кои покажуваат уништување на Сирија на национално ниво. овие слики ни помогнаа подобро да го разбереме патењето и стравот искусено од страна на обичните Сиријци секојдневно, како и уништувањето на земјата околу нив“, вели Кси Ли, водечкиот истражувач напроектот.

Проценети провинција по провинција, намалувањето на светлината е уште пошокантна. Во провинцијата Алепо, која е зафатена од борбите меѓу бунтовниците и силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад од 2012 година, светлата се намалени за 97%. Во меѓувреме, во провинцијата Рака, кадешто Исламските милитанти ја презедоа контролата, 96% од светлата се веќе изгаснати.

Дури и во главниот град Дамаск, се`уште во голема мера контролиран од режимот на Асад, има намалување за 33%.

Според истражувачите на проектот, светлата исчезнале поради неколку причини: безброј згради како и електричната инфраструктура се уништени. Покрај тоа, делови од земјата се речиси напуштени од луѓето во очај да бидат безбедни.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот