Сите оние кои се огромни фанови на серијата „Game of thrones“, а и оние кои не ја следат серијата, сигурно знаат за „шепотењата“ во врска со тајните родители на Џон Сноу.
Позната како „R+L=J“, теоријата шпекулира дека „копилето“ Џон Сноу не е син на Нед Старк, меѓутоа сепак е вистинскиот наследник на Железниот трон.
Голем број читатели на книгата, низ интересните заплети кои ги нуди Џорџ Р.Р. Мартин, заклучиле дека сестрата на Нед, Лијана Старк и Регар Таргариен се родителите на Џон Сноу, со што тој е вистинскиот наследник на тронот.
На видеото подолу ви нудиме одлично објаснување на оваа теоријата, за да бидете дел од овој неверојатен свет на теории на фановите.