X
 11.03.2015 Економија

Грешки со парите кои успешните луѓе никогаш не ги прават

Менаџирањето со парите е клучна вештина која ве доведува до успехот. Успешните луѓе донесуваат одлука да бидат ефективни со парите, а голем дел од нив тоа го прават рано во нивниот живот.

Како и секоја област во животот, важно е човек да знае за заканите и предизвиците во светот. Совладувањето на неколку клучни принципи поврзани со парите се исплаќа за годините што доаѓаат.

1. Tие не трошат премногу; тие живеат со помалку отколку што заработуваат - Живеењето трошејќи помалку е вештина од суштинско значење кога станува збор за управувањето со пари.

2. Не ја фиксираат цената; тие ја разбираат важноста на вредноста - Цената што ја плаќаат за инвестиции, оброк или парче облека е само дел од приказната. Успешните луѓе исто така размислуваат за ова добро. За личните предмети, тие бараат производи со висок квалитет кои ќе траат.

3. Не забораваат да ги прилагодат нивните финасии според големите промени во животот - Стапивте во брак неодамна? Дали вашиот брачен другар е наведен во вашиот тестамент? Ова се некои од клучните точки кои финансиски успешните луѓе управуваат ефикасно.

4. Тие не се задоволуваат со стагнација; бараат начини како да ги зголемуваат нивните приходи - Некои луѓе никогаш не бараат повеќе пари отколку што имаат или пак се задоволуваат  со 1-3% зголемување. За жал, ова значи дека тие стојат во исто место. Но, успешните луѓе постојано бараат начини како можат да заработат повеќе пари. Тоа ви дава можност за лично задоволство, и чувство на сигурност.

5. Не ги игнорираат финансиските извештаи
- Постигнувањето на финансиски успех вклучува навика за следење на финансискиот извештај. Успешните луѓе си одредуваат време секој месец за да ги прегледаат нивните финансиски сметки: инвестиции, банкарски сметки, кредитни картички итн. Ако забележат грешка или пропуст, тие веднаш преземаат акција.

6. Тие не прават глупави ризици со парите
- Сите инвестиции со себе носат одредена мерка на ризик. Но, успешните луѓе користат две моќни алатки за да ги избегнат загубите. Тие ја сфаќаат вредноста на осигурувањето за контрола на ризикот и ја знаат важноста на распределбата на средствата.

7. Не се преправаат дека разбираат се` што е поврзано со парите
- Светот е големо и комплексно место. Успешните луѓе ја знаат и целосно ја сфаќаат оваа вистина. Кога станува збор за парите, постојат многу информации. Затоа тие ги разбираат нивните граници и се фокусираат на нивната сила.

8. Не дозволуваат парите да ги надминат другите вредности
- Барањето финансиски успех е валидна цел. Но, успешните луѓе сфаќаат дека финансискиот успех е само еден аспект од успешниот живот. Тие знаат дека е лоша идеја на сметка на парите да се запостави здравјето. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија