Германската полиција останала без зборови откако го видела овој цртеж на дете од Сирија.
На цртежот, детето го споредува животот во својата татковина и животот во Германија. Разликите се огромни.
- Начинот на кој детето ги гледа двата светови е исклучително моќен - изјави портпаролот на полицијата, Томас Швајк.
Цртежот се состои од два дела - еден ја прикажува ситуацијата во Сирија, а другиот во Германија. На левата страна, онаа во која се гледа воената ситуација во Сирија, има уништени домови, жртви, оружје, жена без нозе. На десната страна се наоѓаат луѓе кои патуваат кон дом. На оваа страна има и две срца - во едното е германското знаме, а во другото пишува „полиција“.
Баварската полиција го објави овој цртеж на „Твитер“.