X
 16.03.2015 Живот

Најзабавниот и најлудиот спорт во светот

Овој интересен спорт настанал пред околу три години, а неговата популарност расте од ден во ден. Изгледа како совршен спој на забава, атрактивности и добра адреналинска рекреација.

 

zabav a


Постојат одредени моменти во животот на човекот кога е доволно човек само да прочита или да види нешто, и истиот момент се заљубува - токму такво е мислењето на повеќето луѓе кога ќе се запознаат со „bubble ball“, фудбал кој се игра во големи гумени меури. Иако за жал вакво нешто не постои во нашата земја, сепак ова е еден од најзабавните спортови во светот.

Овој вид на фудбал за прв пат го започнале норвешките комичари Хенрик Елвштад и Јохан Голден во 2011 година. Иако на почетокот се чинеше како само еден смешен скеч, луѓето сфатиле колку играта е забавна, па така започнале да се редат и првите фудбалски клубови. Пред една година била основана и првата професионална регистрирана американска „Bubble ball“ асоцијација (NABS). Исто така, се основала и во Европа.

Што се однесува до самата опрема, таа воглавно се состои од меури/балони/топки, како сакате наречете ги, кои чинат над 200 евра, а тоа е целата инвестиција што треба да ја вложите.

Постојат неколку видови на игра, но најчеста е онаа во која играат пет до седум играчи, во четвртини од по 6 или 7 минути, а целта е како висинскиот фудбал - да се стават што повеќе голови во противничката мрежа. Теренот може да биде каков било. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот