Доколку мислите дека новото специјално издание на „Game of thrones“ не заслужува возбуда, тогаш „you know nothing, Jon Snow“.
После многу шпекулации, НВО конечно објави дел од „Game of thrones: A day in the life“, што треба да излези во февруари. Специјалното издание, кое беше објавено на почетокот на годината, ќе служи како документарно покривање на еден ден од 5-та сезона во три различни земји. Како дополнување на Шпанија, за која се верува дека ќе служи како дом на Дорн, другите земји се Северна Ирска и Хрватска. Документарецот ќе ни овозможи да ѕирнеме „внатре“ и да ги запознаеме луѓето кои на серијата и` даваат живот.
Новата специјална епизода која ќе трае половина час треба да излезе на 8 февруари, но ако не можете да почекате дотогаш, можете да се регистрирате за да ѕирнете нешто од 5-та сезона.