X
 20.03.2015 Технологија

Ново за ОНЕ постпејд корисниците



ОНЕ за постпејд корисниците
Најниска месечна претплата и подарок Samsung Galaxy Trend Lite




ОНЕ повторно со атрактивна понуда за корисниците во мобилната постпејд телефонија. Корисниците добиваат можност да изберат од постпејд промотивните пакети, да зборуваат и испраќаат СМС пораки кон сите мрежи без ограничувања на времето и бројот на пораките, опуштено да сурфаат на мобилен интернет, а притоа како подарок да добијат и супер Android СМАРТ мобилен телефон.

Промотивниот ОНЕ Promo Plus M постпејд пакет е единствен по своите карактеристики и во моментот e најконкурентен постпејд на пазарот кој за само 599 денари месечна претплата нуди:

•    неограничени разговори кон сите национални мрежи
•    неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи
•    5 GB мобилен интернет секој месец и
•    Смарт телефон Samsung Trend Lite за 0 денари

Промоцијата важи за сите нови, но и постоечки приватни и бизнис постпејд корисници на ОНЕ кои ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.
Детали и целосен преглед на цените на телефоните што се дел од оваа промотивна понуда можат да се видат на веб страната на ОНЕ.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија