Барате нова работа? Многу работодавци денес користат социјални мрежи за да бараат нови работници. Некои од нив ги користат социјалните мрежи за да се уверат во вештините на кандидатите за работа. Социјалните мрежи секако може да ви помогнат во создавањето личен бренд и соодветно претставување како потенцијален кандидат.
Направете чиста на профилот
Пред да започнете со барање работа, а особено пред пријавувањето за одредено работно место, исчистете го профилот на социјалните мрежи. Избришете несакани фотографии или објави.
Направете корисен профил
Доколку барате работа преку социјални мрежи мора да создадете профил со вашите вештини, искуства, образование и работно искуство поврзани со работата која ја барате. „Линкедин“ е најдобра опција за барање работа на интернет, но „Твитер“, „Гугл +“ и „Фејсбук“ може да ви помогнат, исто така. Вашиот профил треба да ги има сите ваши силни страни.
Создадете мрежа на познаници
Поврзувањето со други професионалци од вашата индустрија ќе ви помогне да најдете добра работа. Групите на „Линкедин“ може да ви помогнат во тоа. Приклучете се на повеќе групи кои се активни и следете ги компаниите каде би сакале да најдете работа.
Најдете работа со пребарување на клучни зборови
На „Линкедин“ имате можност да барате работа на локацијата која најмногу ви одговара со пребарување на клучни зборови во полето. Имате и опција за аплицирање.
„Твитер“
Оваа социјална мрежа е добар избор за наоѓање работа. Може да пребарувате „хаштази“ поврзани со работата или генерални, како #работа, #вработување, итн.
Никогаш не барајте работа од работодавците
Може да го претставите профилот на ефективен начин за да најдете оглас за вработување, но никогаш не барајте да бидете вработени во одредена компанија. Тие ќе сфатат дека сте очајни за да најдете работа. Треба да се поврзете со вистинските луѓе за да им покажете дека сте вешти, но ништо повеќе од тоа.