X
 07.05.2016 Образование

Прашања на интервју кои се поставуваат за да ве измамат

Искусните менаџери за вработување може да извлечат тон информации за вас со поставување неколку клучни прашања. Иако овие прашања може да ви звучат едноставно, тие се поставени за да извлечат повеќе информации за вас. Со други зборови, тоа се трик прашања. „Бизнис инсајдер“ наведува некои примери

Може ли да ми кажете нешто за вас?

Ова прашање се поставува за да се види како кандидатите се гледаат во однос на позицијата. Се бара фокусиран и јасен одговор кој ја покажува вашата вредност за организацијата или компанијата. Покажете ја самодовербата.

Како би се опишале во еден збор?

Ова прашање се поставува за да се дознае вашиот вид на карактер, вашата самодоверба и дали работниот стил одговара за работата. Треба да се биде внимателен во одговорот. Повеќето работодавци денес бараат тимски играчи кои може да работат под притисок и се искрени и посветени.

Како ова место се споредува со други за кои сте аплицирале?

Со ова прашање, тие практично ве прашуваат дали аплицирате за други работни места. Во ред е да одговорите дека сте имале интервју со повеќе компании, но се` уште не сте одлучиле што е најдобро за вас.

Може ли да наброите три силни и слаби страни?

Работодавачот бара црвено знаме или нешто што ќе го принуди да ви ја понуди работата. Тој сака да слушне дека вашите силни страни се поврзани со работата, а ниту една лоша страна нема да влијае во работата.

Зошто сакате да работите овде?

Работодавците го прашуваат ова бидејќи сакаат да знаат која е вашата страст, колку добро сте ги истражиле и колку ја сакате работата.

Зошто сакате да ја напуштите сегашната работа?

Вашиот потенцијален шеф бара нешто негативно, како проблеми во работата со другите, здодевност на работата итн. Тие се надеваат дека барате поголем предизвик во кариерата и место кое повеќе одговара за вашите вештини.

На што сте најгорди во вашата кариера?

Работодавците сакаат да разберат за што сте страстни, во што чувствувате дека сте најдобри и дали се гордеете со вашата работа. Тие би сакале да слушнат дека ќе ширите ентузијазам кај другите, како и позитивна енергија.

Доколку би можеле да работите за било која компанија, каде би работеле?

Работодавците сакаат да одредат колку сте сериозни за работата со нив како и за нивната конкуренција, но и за нивото на лојалност. Тие сакаат да слушнат дека сте дојдени на интервју во компанијата која е компанија од соништата за нив, односно дека е идеално работно место за нив.

Како го дефинирате успехот?

Работодавците сакаат да видат што прави да работите напорно и вашиот одговор ќе им покаже кои се вашите приоритети.

Зошто бевте отпуштени?

Тие сакаат да знаат како се соочувате со притисок и помалку среќни ситуации како загуба на работното место. Одговорете фокусирајќи се на одлуката од компанијата за отпуштање поради бизнисот. Не обвинувајте некого и не покажувајте незадоволство.

Што би сториле доколку освоите 5 милиони долари утре?


Тие сакаат да знаат дали се` уште би работеле доколку не ви беа потребни парите. Секако, би сакале да слушнат дека би продолжиле со работа бидејќи имате страст за она што го работите.

Зошто сте без работа толку долго?

Ова прашање се поставува за да се види дали сте доволно мотивирани за да задржите едно работно време или имате други приоритети. Може да одговорите дека причината е приватна, без а давате детали, но не ја обвинувајте невработеноста на пазарот или било што друго.

Како најдовте време за ова интервју? Каде мисли шефот дека се наоѓате?

Тие сакаат да видат дали вашите приоритети се на вистинското место: прво моменталната работа, па потоа интервјуа. Мудро е да се каже дека секогаш ја ставате работата на прво место, а интервјуата ги договарате пред или по работата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование