Додека се сами дома со детето, мајките често бараат решенија на интернет за моменталните проблеми. Сите нивни прашања интернетот ги памети, без разлика дали се поставени на „Гугл“ или на некој друг интернет-пребарувач, или пак на социјалните мрежи. Со тоа се овозможува собирање на статистички податоци.
Тимот од веб-страницата „Pure Wow“ се обидел да утврди што најмногу ги интересира мајките според истражување на интернет. Ова се најчестите прашања кај американските родители:
1. Колку чини дадилка?
Американките, со нивното минимално породилно отсуство, најмногу ги мачи прашањето колку се плаќа дадилка и како ќе го издржат животот со таков трошок. Исто така, се интересираат дали дадилката ќе го чува само детето или ќе се грижи и за хигиената во домот.
2. Како да му се помогне на бебето подобро да спие?
Социјалните мрежи се преполни со групи за помош на родителите чии бебиња не спијат, па сите родители сакаат да дознаат како детето да спие подобро и подолго. За жал, на тоа прашање нема универзален одговор.
3. Како да се врзе марама за носење на бебето?
Денес, носењето на бебето во марама е многу популарно. На многубројните родителски веб-страници и групи може да се најдат низа одговори, но мајките најмногу ги гледаат видеата со упатства на „Јутјуб“.
4. Зошто моето дете не сака да јаде ништо освен леб?
Ако и вашето дете пребира кога е храната во прашање, знајте дека оваа тема е меѓу најбараните. На социјалните мрежи има низа профили од експерти кои објавуваат рецепти со јадења што се здрави, а приспособени на тежината на детето.
5. Дали моето дете е нормално?
Поради сите модерни совети и упатства за воспитување, родителите често го поставуваат и ова чудно прашање. При истражувањето на една од најчитаните родителски веб-страници „Бејби центар“ се појавиле повеќе од 1300 текста со наслов кој содржи прашање за „нормалноста“ на детето.