„Google“, „Facebook“, „Apple“, „Amazon“ - Ова се технолошките компании кои добиваат милиони апликации за работа годишно. Тие сигурно имаат добар процес за одбирање на најдобрите кандидати. Кој е тој процес?
Побарајте ги кандидатите порано или подоцна
За да дознаете кои се луѓето кои секогаш се подготвени за работата, побарајте ги во време кога не очекуваат. Секој може да одговори серија прашања кога се подготвени на одговорите. Што се случува кога зборувате со нив додека спијат или додека се во автобус? Вака технолошките компании ги препознаваат луѓето кои се подготвени за работата во секој момент.
Направете го планот за интервјуто што понепредвидлив
За да најдете луѓе на кои не им се потребни упатства, сторете го неочекуваното. Кандидатите не мора да знаат што ќе се случува за време на интервјуто. Така ќе откриете кој е најдобар.
Нешто нека тргне наопаку
Ова ќе ви покаже како кандидатот реагира и дејствува во непредвидлива и неидеална ситуација. Намерно закажете го интервјуто каде што не работи опремата и сл. Дадете им дополнителни поени на кандидатите кои имаат план Б, план В и план Г.
За време на интервјуто, направете погрешни проценки
Ова би го направиле за да видите дали кандидатите се нервираат лесно. Ако последната работа на кандидатот била во технолошка компанија, вие прашајте го/ја како било на работа во продавницата или слично.
Побарајте од кандидатот да ви реши ваши проблеми
Технолошките компании често бараат од кандидатите да решат вистински проблеми со кои тие се соочуваат.
Преместувајте го кандидатот
Доколку интервјуто го преместувате во повеќе соби, ќе откриете кои луѓе се` уште се возбудени за работата и покрај непријатната ситуација.
Поставувајте ги истите прашања повеќепати
Ова ќе ви покаже дали кандидатот е постојан во одговорите или кажува различни работи.
Одржете го интервјуто со помошник
Ова ќе ви покаже кои кандидати може да се фокусираат на повеќе работи истовремено и под притисок.
Поставете прашање, а потоа започнете да типкате многу гласно
Вака ќе откриете дали кандидатот останува фокусиран кога постои опасност за одвлекување на неговото внимание. Извинете се и кажете дека „пишувате белешки“ и видете длаи кандидатот ќе остане фокусиран на прашањето или ќе се загуби.
Три месеци подоцна, јавете се и понудете му работа за која не се пријавил
Ова ќе ви покаже дали кандидатот е одлучен за да работи кај вас. Освен тоа, ова е одличен начин да се исклучат луѓето кои не ја сакале работата уште од
почетокот.