X
 22.03.2015 Образование

Можете да решите математичка задача за трето одделение?

„Математички кенгур“ е меѓународни натпревар на кој неделава учествувале 6 милиони и 850 илјади ученици од основните и средни училишта од 55 земји во светот. Во натпреварот учествуваат и македонските ученици.


„Средња“, интернет-страница од Хрватска објави една задача од натпреварот во кој учествувале и хрватските ученици.

Една задача за ученици од трето одделение е оваа:

Мачката ловила глувци три дена. Секој следен ден, мачката фатила две глувци повеќе од претходниот ден. Третиот ден, мачката фатила двојно повеќе глувци отколку првиот ден. Колку вкупно глувци мачката фатила во текот на трите дена?

а) 12

б) 15

в) 18

г) 20

д) 24


Задача за шесто и седмо одделение:

Воз има 12 вагони. Секој вагон има ист број купиња. Марко патува во третиот вагон, односно во 18-то купе од локомотивата. Ивана патува во седмиот вагон, односно во 50-то купе од локомотивата. Колку купиња има секој вагон?

а) 7

б) 8

в) 9

г) 10

д) 12

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование