Оваа математичка задача наводно се користи за време на интервју за работа на Универзитетот „Харвард“.
Задачата гласи вака: „Седум мажи имаат седум жени. Секој маж и секоја жена имаат седум деца. Колку луѓе се тоа?
Одговорите на корисниците се различни и се движат од 21 до 448 луѓе.
- Ова е игра со зборови. Задачата има неколку решенија и ниту едно од нив е е грешно - коментира еден интернет-корисник.
Друг интернет корисник открива дека клучот лежи во толкувањето на прашањето: ако секој маж има една жена, точниот одговор е 63, но ако секој маж има седум жени, одговорот е 392.
- Станува збор за двосмислено прашање, така што, претпоставувам дека тоа и е поентата - пишува трет интернет-корисник.
Извор:
Daily Mail
Фото:
Instagram/Threads