Стар математички проблем кој им задавал мака на математичарите повеќе од 300 години конечно доби решение.
Британскиот професор Ендру Вајлс од Оксфорд успеал да даде решение на задачата. Не постои решение со цел број за равенката x
n + y
n = z
n кога n е поголем од 2“.
Позната како „Ферматовата последна теорема“, оваа
равенка за прв пат ја постави францускиот математичар Пјер де Фермат во 1637 година.
Професорот Вајлс проблемот го решил уште во 90-те, а оваа недела ја добир наградата Абел и 700.000 долари. Станува збор за награда која често пати се нарекува математички Оскар.
„Ова е огромна чест. Равенката ми беше страст уште од рана возраст, а нејзиното решавање ми даде големо чувство на исполнетост“, изјави професорот Вајлс.
„Отсекогаш се надевав дека моето решение на овој проблем ќе инспирира многу млади луѓе кои се занимаваат со математика. Се надевав дека ќе им биде поттик да работат на многу предизвици на овој прекрасен и фасцинантен предмет“.
Наградата беше доделена од норвешката академија на науките, а официјалната церемонија ќе се случи во Норвешка, во мај.
Ова е еден од ретките математичари, ако не и единствениот, чијшто доказ ги наполни интернационалните вести“, вели Абел комитетот.
„Тој во 1994 година успеа да ја реши оваа задача, која беше доста позната во тоа време и долго време беше нерешен проблем“.
Вајлс бил фасциниран со теоремата уште на 10 годишна возраст, откако нашол копија во локалната библиотека.
„Од тој момент знаев дека никогаш нема да се откажам од неа и морам да ја решам“, вели тој.
„Кога ја открив, бев доста среќен бидејќи не само што успеав да го решам проблемот, туку и успеав да ја отворам вратата до сосема нова ера во моето поле“, вели тој.